11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo очекува голем пад на профитот

Yahoo очекува голем пад на профитот

Yahoo11

„Yahoo“ во оваа година очекува остар пад на приходите и заработката во однос на 2015 година.

Како што пренесуваат специјализираните портали, „Yahoo“ во 2016 година очекува пад на приходите за речиси 15 проценти на 3,5 милијарди долари, и пад на заработката пред амортизација и даноци, за повеќе од 20 проценти, на 750 милиони долари.

Финансиската ситуација на оваа компанија станува се „пострашна“, наведува порталот Re/code повикувајќи се на страници од документите кои банкарите им ги давале на одделни потенцијални купувачи на „Yahoo“. „Yahoo“ исто така очекува до крајот на 2016 година бројот на вработени да го намали на околу 9.000, од 10.500 во минатата година.

Портпаролот на оваа компанија одби да го кометира овој извештај.

„Yahoo“ во февруари покрена аукција за својот основен бизнис, откако ги одложи плановите за издвојување на свој удел во Alibaba. „Yahoo“ го одреди 11-ти април како крен рок за испраќање на прелиминарна понуда за преземање на нејзиниот бизнис поврзан за интернет и удел во имотот во Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП