19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на бројот на туристи во Франција

Раст на бројот на туристи во Франција

Tourists gather near Paris' Eiffel Tower on a sunny summer day in 2013. (AFP/Getty photo by Miguel Medina)

Вкупниот број на туристи кои ја посетиле Франција во 2015 година е зголемен во однос на претходната година, и покрај терористичките напади.

Владата соопшти дека 84,5 милиони туристи ја посетиле континентална Франција, што е за 0,9 проценти повеќе во однос на 2014 година.

Терористичките напади на 13-ти ноември во Париз, во кои беа убиени 130 лица, негативно влијаеа на посетата на странци на француската престолнина, па така во ноември и декември бројот на туристи бил за 15 проценти помал.

Туризмот во француската престолнина беше погоден уште во јануари 2015 година по нападот на еврејскиот супермаркет и сатиричниот весник Шарли Ебдо.

Француските власти наведуваат дека е забележан најголемиот раст на бројот на туристи од Азија, кои биле за 22,7 проценти повеќе. Американските туристи исто така ја посетиле Франција во поголем број, односно за 15,2 проценти повеќе во однос на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП