21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акциите на Комерцијална банка

Блок трансакција со акциите на Комерцијална банка

mk berza

На Македонската берза во петокот продолжи со пад на индексот МБИ-10, па така беше во минус за 0,16 отсто и го  затвори тргувањето на 1.762,05 индексни поени. 

Вкупниот промет беше нешто повисок во однос на просечниот, и изнесуваше над 20 милиони денари, меѓутоа тоа во најголема мера се должи на блок трансакцијата со Комерцијална банка АД Скопје.

Оваа акција оствари промет од 16,9 милиони денари преку 7.904 истргувани акции по просечна цена од 2.150 денари, од кои само 50 беа реализирани во класично тргување.

Во класичното тргување прва по промет беше акцијата на Алкалоид Ад Скопје со промет од 1,4 милиони денари, а веднаш по неа беше акцијата на НЛБ Тутунска Банка каде се реализираа акции во вредност од 593 илјади денари по просечна цена од 7.506 денари.

Вкупно се тргуваше со 11 хартии од вредност, од кои кај пет имаше пораст на цената, три пак беа во негатива, додека три останаа без промена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП