28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција се врати кон дефлација

Грција се врати кон дефлација

grece33

Потрошувачките цени во Грција продолжија да паѓаат во март, одразувајќи ја долготрајната рецесија во која се наоѓа земјата, а тоа доведе до пониски трошоци за доста добра и услуги, пишува „MarketWatch“.

Во третиот месец на 2016-та година усогласениот индекс на потрошувачките цени се намалува за 0,7% на годишна основа, покажуваат најновите податоци на Атинската статистичка служба „Elstat“.

Падот се должи главно на намалувањето на цените на куќите со 5,1% и на цените на облеката и обувките за 4,9%.

Спрема февруари има дефлација од 1,1%.

helasss 9922

Грчката економија се наоѓа во својата осма година на пад, влошени од политичките расправии кои траат со години. Сето ова избриша една четвртина од бруто домашниот производ на Грција и остави повеќе од 25% од работната сила без работа.

Денеска пак раководителите на мисијата за Грција од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд остварија разговори во Брисел за клучниот преглед на спасувачката програма, коментира портпаролот на Европската комисија Аника Брајдхарт, цитирана од агенциите.

Претставник на ЕУ, запознаен со фази на преговорите, изрази надеж дека до недела ќе биде постигнат договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП