8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Помал буџетски дефицит од првично објавениот

Шпанија: Помал буџетски дефицит од првично објавениот

shpanija4

Шпанската влада денес ги ревидираше надолу податоците за буџетскиот дефицит за 2015 година, поради новите насоки на Европската комисија за пресметување на дефицитот.

Буџетскиот дефицит, според најновите податоци, изнесувал 5,0 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што е благо намалување во однос на претходно објавените 5,16 проценти од БДП, пренесува агенцијата Франс прес.

Таквите податоци значат дека буџетскиот дефицит на Шпанија изнесувал 1,6 милијарди евра, помалку отколку што првично се мислеше и дека Шпанија осма година по ред го надминала целниот дефицит договорен со комисијата од 4,2 проценти од БДП за минатата година.

За оваа година, официјален Мадрид предвидува пад на буџетскиот дефицит на 2,8 проценти, што е под границата од 3,0 проценти која официјален Брисел ја бара од членките на еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП