26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските девизни резерви пораснаа првпат во пет месеци

Кинеските девизни резерви пораснаа првпат во пет месеци

juan 3399

Кинеските девизни резерви пораснале во март првпат во последните пет месеци, покажаа најновите податоци на кинеската централна банка, сигнализирајќи подобрување на состојбата во тамошната економија кога станува збор за одливот на капиталот.

Кинеските девизни резерви се зголемени за 10,3 милијарди долари и кон крајот на март изнесувале 3.210 милијарди американски долари, објави на својата официјална интернет страница кинеската централна банка. Последен пат кинеските девизни резерви пораснаа ланскиот октомври, кога изнесуваат 3.530 милијарди долари.

Податоците за март се позитивен сигнал за кинеските функционери кои настојуваат да ги охрабрат инвеститорите, загрижени од изгледите на втората најголема според обемот економија во светот и со продолжената депрецијација на националната валута јуанот.

Кинеските власти во повеќе наврати беа истрајни во оцената дека нема основа за остар пад на вредноста на кинеската валута и ги заострија контролите на капиталот со цел да го зауздат неговото одлевање во странство.

Од почетокот на годинава кинеската централна банка неочекувано во повеќе наврати го снижуваше средниот курс на јуанот во однос на американскиот долар, одливот на капителот остро беше зајакната, а агенциите за оцена на кредитните рејтинзи како Moody’s и Standard & Poor’s утврдија лоши процени за рејтингот на кинеските државни обврзници.

Брајан Џексон, економист во пекиншката филијала на компанијата „IHS Global Insight“ за агенцијата AFP вели дека кинеските власти со тие мерки успеале да ги „дисциплинираат“ пазарите.

„Имаше многу инвеститори кои шпекулираа со слабеењето на јуанот во првиот годинешен квартал“, вели Џексон. Според него, кинеските власти биле мотивирани да ја „користат ‘муницијата’ која им стои на располагање за да ги казнат оние коишто се занимавале со таквите шпекулативни активности“.

Џулијан Еванс-Причард од компанијата „Capital Economics“, пак, истакнува дека јакнењето на јуанот во однос ан доларот во последниот период ги променило очекувањата на пазарите, предупредувајќи сепак дека притисоците на одливот на капиталот „би можеле повторно да се појавата во идните квартали, доколку, како што очекуваме, американскиот долар повторно започне да јакне“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП