14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХраната во целиот свет поскапa

Храната во целиот свет поскапa

храна-мана

Светските цени на храната во март пораснаа, бидејќи големото поскапување на шеќерот и растителното масло го неутрализира падот на цените на млечните производи, соопшти денес Агенцијата при ОН за храна и земјоделство.

Ценовниот индекс на ФАО, кој ги мери месечните промени на цените во една кошница производи (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер), порасна во март на 151 поен од надолу ревидираните 149,5 поени во февруари. Индексот, сепак, е блиску до седумгодишниот минимум, по четири години последователен пад.

Според првите проекции на ФАО, светското производство на житарки во 2016/2017 година ќе изнесува 2,521 милијарди тони, што е за четири милиони тони помалку отколку во претходната година, но трето најголемо производство некогаш регистрирано.

Цените на храната на меѓународните пазари во март биле за 12 проценти пониски отколку во истиот период лани. Минатиот месец најмногу поскапи шеќерот, за дури 17,1 проценти во однос на февруари, додека цените на билните масла скокнале за 6,3 проценти во однос на претходниот месец, поради острото поскапување на палминото масло поради долготрајната суша во земјите кои се најголеми производители, Малезија и Индонезија. Цените на житарките се благо намалени во март, но надолниот тренд е продолжен петти месец по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП