20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО ја намали прогнозата за растот на глобалната трговија за 2016

СТО ја намали прогнозата за растот на глобалната трговија за 2016

World-Trade-Organization

Светската трговска организација (СТО) ја ревидираше денес надолу прогнозата за растот на глобалната трговија во 2016 година, предупредувајќи на забавувањето во Кина и се пошироките пазарни колебања кои продолжуваат да го загрозуваат растот.

Во септември минатата година, СТО прогнозираше дека светската трговија оваа година ќе оствари раст од 3,9 проценти, но сега таа проекција ја намали на 2,8 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

„Трговијата и понатака бележи позитивен раст, и покрај разочарувачката стапка“, се наведува во соопштението на генералниот директор на СТО, Роберт Азевед.

Различните фактори, како што се додава во соопштението, продолжуваат да вршат притисок врз глобалната трговија, бидејќи насоката на движење на цените на суровините не се промени и последиците од забавувањето во Кина и понатака се неизвесни.

„Поострото од очекуваното забавување во Кина и влошувањето на колебањето на финансискиот пазар се фактори кои ќе ивршат дополнителен присисок на глобалната трговија во оваа година“, се наведува во соопштението на СТО.

Меѓутоа, би можело подоцна да се покаже дека прогнозата од 2,8 проценти го потценила растот на трговијата, доколку напорите на ЕЦБ за стимулирање на растот на еврозоната бидат успешни, се додава во соопштението.

СТО предвидува дека растот на глобалната трговија ќе забрза за 3,6 проценти во 2017 година, благодарение на зголемувањето на побарувачката за увозните производи во Азија.

Генералниот директор на СТО, исто така, предупреди на заканите од протекционизмот, наведувајќи дека многу држави продолжуваат да применуваат трговски ограничувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП