17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на книга од Јагода Тренеска-Цветичанин

Промоција на книга од Јагода Тренеска-Цветичанин

oblaci

Промоција на книгата „Македонските бои во славонската рамнина – траги на сеќавања“ од Јагода Тренеска – Цветичанин, ќе се одржи во петок, во спомен – собата на Миладиновци, со почеток во 12 часот.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје организира промоција на книгата „Македонските бои во славонската рамнина – траги на сеќавања“ од Јагода Тренеска – Цветичанин. Книгата е посветена на 21-годишното делување на Македонското културно друштво „Браќа Миладиновци“ од Осиек, Република Хрватска.

Целта на оваа монографија е да се прикаже историјата на активностите на Македонците во Осиек и да се остави трага во сеќавањето на идните генерации на Македонците во Хрватска, преку еден широк спектар на активности кои ги афирмираат македонскиот јазик, фолклор, традиција и култура.

За книгата своите размислувања ќе ги искажат Ристо Лазаров, Весна Ацевска и Васил Тоциновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП