23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон призна дека поседувал удели во офшор фондовите на татко му

Камерон призна дека поседувал удели во офшор фондовите на татко му

kamerun

Британскиот премиер Дејвид Камерон призна дека до 2010 година поседувал удели во фидуцијарниот фонд на неговиот татко регистриран на Бахами, по повеќедневните притисоци по откривањето на аферата Panama Papers, која укажување дека илјадници светски политички челници и славни личности со децении користеле офшор компании во ткн даночни оази за да го прикријат текот на парите и да го одбегнат плаќањето даноци.

За телевизиската мрежа ITV, британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека споменатите удели ги продал во 2010 година, за околу 37.000 евра, неколку месеци пред да биде избран за премиер.

Медиумите го нападнаа кога се откри дека неговиот татко, Лан Камерон, кој починал во 2010 година, управувал со фонд од кој добивката триесет години ја криел од британските даночни власти, благодарејќи на заплетканата финансиска шема со посредување на панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“ којашто, според нејзините претставници, постапувала по барање на големите банки во интерес на нивните клиенти.

Од Даунинг Стрит (седиштето на британската влада) беа издадени четири соопштенија по ред во кои беше истакнувано дека станува збор за „приватна работа“, а самиот премиер Камерон во вторникот изјави дека не поседува „никакви удели, никаков офшор труст, никаков офшор фонд ниту што и да е слично“.

Во четвртокот претходно пред изјавата за ITV, повторно изјави дека не поседува „никакви удели“, но првпат призна дека претходно поседувал удели во фондот на татко му.

„Саманта (сопругата на британскиот премиер – з.р.) и јас поседувавме 5.000 акции во Blairmore Investment Trust кои во јануари 2010 година ги продадовме за 30.000 фунти“, пред да станам премиер, наведе во изјавата за телевизијата.

Камерон истакна дека на приносите платил данок во Велика Британија, како и дека во неговата постапка немало ништо незаконско.

„Искрено, немам што да кријам. Горд сум на својот татко и на она што го направил, на компанијата којашто ја основа и на сето останато. Не можам да трпам неговото име да се влече по кал“, рече Камерон

„Имам две куќи, од кои едната ја изнајмувам и премиерска плата. Немам акции ниту инвестиции, имам извесна заштеда“, додаде британскиот премиер.

Според пишувањето на британскиот дневен весник The Guardian, член на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари (ICIJ) кој ги доби таканаречените Панамски документи (Panama Papers), фондот на Јан Камерон вработувал педесетина лица на Бахами кои потпишувале документи и вршеле благајнички и секретарски работи и таквото работење не било незаконско.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП