9 декември, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC и натаму во загуба

HTC и натаму во загуба

HTC-Shop

Одлужување на лансирањето на новиот паметен телефон „HTC One“ резултираше со најлош квартален резултат во историјата на тајванската компанија.

Најголемиот тајвански производител на телефони имаше нето заработка од само 1.85 милиони фунти во првото тромесечије од оваа година, што е шести по ред квартал во кој заработувачката опаѓа и најлош резултат досега во историјата на компанијата.

„HTC“ според мислењето на аналитичарите го пропушти моментот за добри резултати во февруари кога мораше да ја одложи испораката на уредите на клучните пазари за еден месец поради недостатоците на делови за камерата која е вградена во „HTC One“.

Оваа компанија се уште може да се опорави од лошите резултати поради тоа што во Америка ќе се појави на пазарот пред конкурентскиот телефон „Galaxy S4“ чие влегување во продавниците е закажано за 26-ти април.

Дополнителен поттик за подобра продажба на „HTC“ може да се очекува и од најавите на „Facebook“ дека „HTC First“ ќе биде единствениот паметен телефон кој ќе го користи новиот софтвер „Home“ кој беше претставен пред неколку дена.

Меѓутоа аналитичарите се согласуваат дека заработувачката која „HTC“ ја очекуваше во првиот квартал е засекогаш загубена, а дека и во наредниот период приходот  ќе зависи од способностите на компанијта да одговори на веќе прифатените порачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП