2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на романот „Исповеди на еден психотичен ум“

Промоција на романот „Исповеди на еден психотичен ум“

um 4344

Денеска во 17 часот ќе се одржи промоција на романот „Исповеди на еден психотичен ум“ на авторот Владимир Ристевски, во скопскиот бар Speakeasy, во соработка со Издавачкиот центар Три.

„Почна како серијал раскази, а прерасна во роман кој ги спојува трите серијала кој ќе ги држи читателите во неизвесност до самиот крај. Исповеди на еден Психотичен Ум е слика на младите, урбани луѓе кои се во потрага по нивното место во новото динамично општество каде што правилата и вредностите се веќе целосно изместени“, објаснува авторот Ристевски.

„Со емоционално мотивираните вулгаризми, Ристевски можеби по малку наликува на извонредниот Чарлз Буковски или, поточно, по начинот на пишување, Ристевски е некаде на средина помеѓу условно вулгарната непосредност на Буковски и живиот, разговорен јазик на раскажувачот Рејмон Карвер”, пишува истакнатиот македонски писател и преведувач професор Драги Михајловски.

Владимир Ристевски е роден во 1984 година во Скопје каде завршува факултет на Катедрата за англиски јазик и книжевност при филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Тој е долгогодишен преведувач/толкувач по англиски јазик со голем број на преведени романи и збирки поезија, како и колумнист и писател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП