2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Ќе направиме се за да ја подигнеме инфлацијата

Драги: Ќе направиме се за да ја подигнеме инфлацијата

ITALY NAPLES ECB MEETING

Шефот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави дека таа банка ќе направи „се што е потребно“ за да ја зголеми слабата инфлација.

Во текот на вчерашниот ден беше објавен текст од состанокот на ЕЦБ на 10-ти март на кој официјлните лица разговарале за стравувањата дека ниската инфлација би можела да се вкорени во еврозоната.

Во текстот од состанокот, на кој е одлучено да се воведат дополнителни мерки за поттик, се наведува дека зголемените ризици се секундарни последици од ниската инфлација кои поради очекувањата на нискиот раст или падот на цените, доведуваат до одредување на пониски плати и цени, што може да биде опасно за економијата.

Изјавата на Драги ја потенцира подготвеноста на ЕЦБ да ги зголеми поттикнувањата.

Шефот на ЕЦБ наведе дека сегашната програма со мерки за поттикнување е „без преседан“ и дека поддржува умерено економско закрепнување на евроозната.

ЕЦБ на 10-ти март одлучи да ја засили програмата за откуп на обврзници, да понуди исклучително евтини позајмици за банките, да ја намали референтната каматна стапка на нула и да ги зголеми пеналите за банките кои ги оставаат парите во централната банка наместо да ги позајмуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП