26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот МБИ-10 во позитива

Индексот МБИ-10 во позитива

makedonska-berza-berzi-zvonce

Вкупниот промет на Македонската берза за харии од вредност во четвртокот изнесуваше 6,1 милиони денари. во кои повторно убедливо доминираше акцијата на скопски Алкалоид.

Со акцијата на Алкалоид АД Скопје беа постигнати 35 отсто од остварениот промет во класично тргување. Вкупно се реализираа 301 акции, во вкупна вредност од 1,5 милиони денари.

Од останатите акции. единствено акцијата на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје оствари промет поголем од милион денари.

Се тргуваше со само осум хартии од вредност, при што бројот на губитници беше двојно поголем од бројот добитници.

Меѓу ретките акции кои на вчерашното тргување забележаа пораст беа акциите на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје и на Стопанска банка АД Скопје со раст од 1, односно од 0,28 отсто.

На официјалниот веб на берзата, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје објави јавен повик за годишно собрание, каде меѓу другите предлог одлуки, се предлага исплата на дивиденда во износ од 682 денари по акција.

Индексот МБИ-10 ја прекина негативната серија и обезбеди раст од скромни 0,06 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП