4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОтворена изложбата на акварели во македонскиот КИЦ во Софија

Отворена изложбата на акварели во македонскиот КИЦ во Софија

sovre

Изложбата на акварели со наслов “(По)трагите на водата-Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија”, беше отворена во четврток вечер во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија.

На изложбата во Софија се претставени врвни дела од доајените на современото македонско сликарство, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Димитар Аврамовски-Пандилов, Василие Поповиќ-Цицо, Михајло Шојлев и други.

Изложбата ја отворија, директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров и кураторот на изложбата Елена Георгиевска.

Оваа значајна ликовна изложба изминатите години беше претставена низ повеќе градови во Македонија (Велес, Штип,Куманово,Кавадарци,Битола, Крива Паланка), а годинава е дел од годишните програми на Културно-информативниот Центар во Софија и Националната галерија на Македонија-долгогодишни партнери во организација на ликовни настани во Софија и Р. Бугарија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП