9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat Chrysler отпушта 1.300 работници

Fiat Chrysler отпушта 1.300 работници

fiat-krajsler

Автомобилската компанија „Fiat Chrysler Group“ ќе отпушти околу 1.300 работници и ќе затвори една од двете производствени ленти во Стерлинг Хејтс, погон во сојузната американска држава Мичиген, каде се произведува слабо бараниот модел „Chrysler 200“ седан, соопшти компанијата.

Продажбата на моделот „Chrysler 200“ паднала во првите три месеца од 2016 година на американскиот пазар за 63 отсто, во однос на истиот период минатата година. Притоа, не се наведува колку долго уште компанијата ќе го произведува овој модел автомобил, но работниците ќе ги добијат отказите на 5-ти јули.

Извршниот директор на групацијата „Fiat Chrysler“, Серџо Маркионе, најави уште во јануари дека компанијата ќе престане да го произведува моделот „Chrysler 200“, како и компактот „Dodge Dart“, освен доколку не се најде партнер заинтересиран за продолжување на производството.

Потпретседателот на здружението на работниците во автомобилската индустрија (United Auto Workers), Норвуд Џеувел, истакна дека потегот на „Fiat Chrysler“ групацијата не е неочекуван, додавајќи меѓутоа оти се надева дека групацијата ќе најде заменски ангажман за вработените во поголемото производство на камиони и урбани теренци.

Истакна и дека „Fiat Chrysler“ не е единствената компанија којашто чувствува последици од падот на побарувачката од мали автомобили, но и оти од друга страна силно расте побарувачката на големи возила. Според Џеувел, компанијата планирала да ги зголеми капацитетите произведувајќи повеќе камиони и СУВ возила, што го оценува како позитивен чекор и за членовите на синдикатот и за самата компанија.

Станува збор инаку за едно од најголемите отпуштања во рамките на американските производители на возила уште од периодот на рецесијата од 2008/2009 година. Се шпекулира, во американските медиуми, и дека тоа нема да биде последната промена меѓу американските автомобилски производители, а во нивните настојувања да прилагодат на побарувачката на пазарите кои наместо помалите автомобили од средната класа, сега повеќе се бараат СУВ возила и камиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП