17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин за Panama Papers: Вашиот покорен слуга во документите го нема

Путин за Panama Papers: Вашиот покорен слуга во документите го нема

putinwriting1

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот се огласи по неговото споменување во врска со аферата Panama Papers, во врска со милиони документи кои покажуваат како светски државници, славни личности и компании ги користат ткн даночни оази за да ги прикријат тековите на парите и да ги избегнат даноците, велејќи дека неговото име не е на ниеден документи и оти „нема што да се зборува за тоа“.

„Нашите противници, во прв ред, целат на единството и консолидацијата на руската нација, нашиот мултинационален руски народ. Тие се обидуваат да нé потресат однатре, за да бидеме послушни“, рече Путин

„Но, работата е во тоа што тие сториле. Што тие направија? Направиле информациски производ. Нашле мои пријатели и познаници, и замачкуваат“, изјави во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин во текот на медиумскиот форум на регионални и локални медиуми во Санкт Петербург.

Додаде дека со такви објави се прават обиди да се оцрни Русија и да се прикаже „како што тие сакаат“, пренесува агенцијата РИА.

Голем број светски медиуми претходно седмицава објавија документи, коишто наводно припаѓаат на панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“ и кои наводно докажуваат вмешаност на некои светски лидери и нивни блиски роднини и пријатели во офшор шеми за криење на капиталот и избегнување на плаќањето даноци, но автентичноста на документите сé уште никој не ја потврдил. Меѓу мноштвото познати личности се споменува и рускиот претседател, односно негови познаници и пријатели од детство со алузии и шпекулации дека или тој им го овозможил тоа, или дека го правеле во негова полза, а се наведува сумата од две милијарди долари.

На листите објавени во западните медиуми од Русија се споменуваат имињата на лица кои се наводни блиски на Путин, како бизнисмените Сулејман Керимов, Аркадиј Ротенберг, Јуриј Ковалчук, шефот на министерството за економски развој Алексеј Улјукаев, сопругата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, лизгачката Татјана Навка, виолинистот Сергеј Ролдугин.

„Постои одреден број пријатели на рускиот претседател, тој сторил тоа и тоа, и во тоа веројатно има елементи на корупција. Но не постои никакво елемент на корупција“, рече Путин во врска со споменувањето во документите на името на светски познатиот челист Сергеј Ролдугин.

Зборувајќи за Ролдугин, Путин изјави дека е горд што има такви пријатели. Според него, станува збор за брилијантен музичар, еден од најдобрите во земјата. Рускиот претседател додаде дека Ролдугин најверојатно се обидел да води бизнис како малцински акционер, но и дека не станува збор за суми изразени во милијарди долари.

„Речиси сите пари што ги заработил во странство, тој ги потрошил на набавка на музички инструменти во странство кои ги донесе во Русија Станува збор за скапи работи“, рече Путин додавајќи дека Ролдугин веќе неколку месеци е ангажиран на регистрација на тие инструменти во сопственост на државните институции, како и дека организира концерти и работи на промоција на руската култура во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП