21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата банка во еврозоната дели 1.200 откази

Најголемата банка во еврозоната дели 1.200 откази

sant

Шпанската банка „Santander“, најголемата банка во еврозоната, објави дека ќе укине 1.200 работни места на домашниот пазар…

Предложените отпуштања се дел од планот претставен минатата недела за затворањето на 450 подружници на „Santander“ во Шпанија, соопшти синдикатот UGT, пренесува агенцијата Франс прес.

„Santander“ вработува 25.000 лица во Шпанија, а најголемиот дел од отказите ќе биде реализиран преку програма за повремено пензионирање и доброволно заминување, соопшти синдикатот.

Планираното затворање на подружниците на „Santander“ најмногу ќе ги погоди помалите филијали со тројца или помалку вработени, а целта на ова организирано работење е подигнувањето на профитабилноста и премин на банката на онлајн банкарството.

Нето профитот на „Santander“ минатата година порасна за три проценти, на 5,97 милијарди евра, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП