3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар и благата зима го намалија кварталниот профит на H&M

Силниот долар и благата зима го намалија кварталниот профит на H&M

H&Mdadadase

Профитот на шведската модна куќа H&M во првиот квартал се намали за речиси 30 проценти поради силниот долар и благата зима која и наштети на продажбата на зимската колекција.

Ве периодот декември-февруари, нето профитот на компанијата достигнал 2,54 милијарди круни (275 милиони евра) што е помалку во однос на 3,61 милијарди круни од истиот период лани, но благо над очекувањата на аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Во истиот период, прометот, на годишно ниво, порасна за 8,5 проценти, на 43,7 милијарди круни во однос на 15-процентното зголемување од првиот квартал од 2015 година.

Ваквите резултати, според зборовите на генералниот директор Карло Јохан Персон, се последица на многу негативниот курс на доларот, пренесува американската агенција АП.

Шведската групација, исто така, најави дека оваа година ќе отвори околу 425 нови продавници на пазарите на кои е присутна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП