9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи благо пораснаа, доларот под притисок

Азиските берзи благо пораснаа, доларот под притисок

aziski-berzi

На повеќето азиски берзи цените на акциите во четвртокот благо пораснаа, бидејќи инвеститорите ги охрабри растот на цените на нафтата и на берзанските индекси на њујоршки Волстрит.

На берзата во Токио индексот Nikkei во претпладневното тргување беше во плус од 0,2 отсто, додека цените на акциите во Сингапур и во Австралија пораснаа меѓу 01, и 0,3 процента. Берзанските индекси во Хонгконг, Јужна Кореја и Шангај, пак, ослабеа меѓу 0,1 и 0,7 отсто. Така што MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус од 0,1 отсто.

Азиските инвеститори ги охрабри растот на акциите од средата на Волстрит, по двата дена пад, благодарејќи во прв ред на закрепнувањето на цените на нафтата. Откако во вторникот паднаа на најниското ниво во месец дена, во четвртокот претпладнето цените на нафтата пораснаа втор ден по ред, најмногу благодарејќи на податокот за падот на резервите од горива во САД минатата седмица, што може да значи дека ќе јакне побарувачката.

Благодарејќи на тоа, цената на барелот нафта во четвртокот претпладне на американскиот пазар порасна за 40 центи, на 38,15 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поскапе за 30 центи, на 40,13 долари.

Позитивно на пазарот влијаеше и вчерашното објавување на записниците од последната седница на челниците на американската централна банка, што покажа дека многумина од нив се внимателни во врска со прашањето за зголемувањето на каматните стапки, бидејќи и натаму постојат ризици од слабеење на светската економија. Од тоа вложувачите заклучуваат дека малку е веројатно дека банката ќе ги зголеми каматните стапки во април, а можеби во јуни.

И додека записниците на американската централна банка позитивно влијае на берзанските акции, тие создадоа притисока на девизните пазари за американската валута. И изјавата на гувернерот Харихико Курода дека јапонската централна банка би можела дополнително да ја олабави монетарната политика, доколку тоа биде потребно, не успее да го запре јакнењето на јенот.

Така, во четвртокот претпладнето курсот на американската валута во однос на јапонската се лизна на 109,10 јени, што е најниското ниво од септември 2014 година, додека во средата во истиот период од денот изнесуваше 110,35 јени. Американската валута падна и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1405 долари, додека во средата изнесуваше 1,1370 долари.

Поради сето тоа, индексот на доларот, која ја покажува вредноста на американската валута во однос на најважните шест светски валути, најголеми трговски партнери на САД, се лизна во четвртокот претпладнето на 94,41 поен, во близина на најниските нивоа од ланскиот октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП