22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен без значајни промени на Македонска берза, Алкалоид пак во фокусот

Ден без значајни промени на Македонска берза, Алкалоид пак во фокусот

berza-makeodnija-berza-makedonska

Втор трговски ден по ред интересот на инвеститорите на Македонската берза во средата беше концентриран на акцијата на Алкалоид АД Скопје.

Тргувањето со оваа акција вчера достигна речиси 80 отсто од вкупниот промет остварен на Македонската берза кој изнесуваше 12,5 милиони денари, па така во текот на тргувањето бевме сведоци на солиден број куповни налози за оваа хартија.

Следеа Стопанска банка Скопје и Македонијатурист Скопје, кои заедно остварија промет од помал од милион денари.

На Редовниот пазар имаше исклучително мал промет, како резултат на трансакцијата од само 4 акции на Квасара Битола по просечна цена од 8.701 денари, или вкупно 34.804 денари.

Со акциите на железарската компанија Арцелормиттал ЦРМ (РЖЛЕ) во средата беа истргувани 5.000 лотови по цена од 9 денари.

Индексот МБИ-10 вчера изгуби 0,26 отсто од својата вредност и заврши на 1763,67 индексни поени, додека ОМБ втор ден по ред заврши без промена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП