18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавата за договор на производителите ја поткрена цената на нафтата кон 39...

Најавата за договор на производителите ја поткрена цената на нафтата кон 39 долари

nafta555

Цените на нафтата на меѓународните пазари во средата се придвижија кон 39 долари за барел, поткрепени од сигналите од Кувајт дека производителите на претстојниот состанок веројатно ќе постигнат договор за замрзнување на нивото на производство.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 90 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 38.77 долари. На американскиот пазар со барелот сирова нафта се тргуваше по долар повисока цена отколку во вторникот, од 36,95 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC објави дека цената на барел референтна кошница нејзина нафта во вторникот изнесувала 32,63 долари, што значи дека паднала за 70 центи од затворањето на тргувањето во понеделникот.

Нафтените пазари ги поткрепи изјавата на високата кувајтска функционерка дека на состанокот на производителите, закажан за 17-ти април во Катар, ќе биде постигна договор за замрзнување на производството, најверојатно на ниво од комбинација од движењата во јануари и февруари. Во времето на покренувањето на иницијативата за замрзнување на производството на јануарското ниво, во февруари цените на нафтата изнесуваа 27 долари за барел.

Позначителниот раст на цените го придуши изјавата на иранскиот министер за нафта, Биџан Занганех, дека до март следната година иранското производство ќе достигне четири милиони барели дневно, од што имаат намера да извезуваат 2,25 милиони барели дневно. Во моментов Иран извезува само милиони барели дневно, имајќи предвид дека дури од неодамна му беа укинати санкциите.

Други производители, пак, ветуваат дека ќе го замрзнат производството близу рекордните нивоа, што значи дека договорот нема позначително да го намали сегашниот вишок во снабдувањето од најмалку милиони барели дневно.

Обилните резерви се одразуваа и на физичките пазари, така Абу Даби ја намали разликата на својата официјална продажна цена за испораките во март во однос на просечната цена на барелот од Дубаи за 64, центи, на 3,06 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП