20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМО продолжува со грижа за стандардот на припадниците на АРМ

МО продолжува со грижа за стандардот на припадниците на АРМ

vojnici335

На 98-та седница на Собранието на Република Македонија пратениците изгласаа измени и дополнувања на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, кои се значајна придобивка за Армијата на Република Македонија и нејзините припадници, соопштуваат од Министерството за одбрана.

Со усвоените измени во Законот за служба во АРМ се решава станбеното прашање на припадниците и цивилните лица во служба на АРМ. Министерството за одбрана на Република Македонија им овозможува на припадниците на АРМ кои користеле стан сопственост на Министерството за одбрана сега истиот да го откупат или да купат нов стан по субвенционирани цени во рамките на проектот „АРМ мој вистински дом“. Со поседувањето на станот се зголемува стандардот на припадниците и тие ќе можат да ја утврдат сопственоста на својот дом.

Имено новото законско решение го допрецизира и правото на откуп кое се субвенционира согласно Проектот „АРМ мој вистински дом“. Тоа опфаќа утврдување на рокот за поднесување барање за откуп, донесување на решение за откуп и склучување на договор за купопродажба на станбени единици кои ги користи активниот воен и цивилен персонал на Армијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП