13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПосле двата пада Malaysia Airlines застана на нозе

После двата пада Malaysia Airlines застана на нозе

15946055135704e038effcf527210683_w640

Компанијата „Malaysia Airlines“ оствари профит во месец февруари, што е првиот позитивен резултат во последните неколку години, изјави директорот Кристоф Милер.

Милер во интервјуто за АP ја опиша компанијата како „брод кој има многу пукнатини“, додавајќи дека месечниот профит претставува знак дека работите се враќаат на вистинскиот пат.

Тој изјави дека трошоците се намалени, меѓу останатото поради ниската цена на нафтата.
Репутацијата на „Malaysia Airlines“ ја нарушија двата инциденти во 2014 година. Авионот на таа компанија на летот 370 изчезна во март 2014 година, со 239 патници во текот на летото од Куала Лумпур до Пекинг.

Истата година во јули се сруши еден авион на „Malaysia Airlines“ со 298 луѓе на истокот во Украина каде во тек без судирите на проруските бунтовници и украинската војска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП