13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон тврди дека не користи офшор фондови

Камерон тврди дека не користи офшор фондови

kamerun

Британскиот премиер Дејвид Камерон и неговото семејство немаат полза од офшор фондови, тврди неговиот портпарол откако беше откриено дека покојниот татко на премиерот се споменува во материјалите Panama Papers, кои го разоткрија масовното прикривање пари во ткн даночните оази.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави претходно преку својот портпарол дека не поседува никакви удели во и ниту офшор фондови, но не одговори на прашањата од јавноста дали тој или неговото семејство имале полза од инвестициските фондови коишто ги основал неговиот татко.

Неговата портпаролка, пак, во понеделникот изјави дека станува збор за „приватни работи“.

„Да бидеме јасни, премиерот, неговата сопруга и децата немаат полза од никакви офшор фондови. Премиерот не поседува никакви удели…. Госпоѓа Камерон поседува мал број акции поврзани со татковото земјиште, што е пријавено во даночната пријава“, додаде во вторникот вечерта соопшти портпаролот на британскиот премиер.

Сепак, британската опозиција побара истражување на оваа афера поврзана со Камерон.

Челникот на лабуристите, Џереми Корбин, изјави дека „неплаќањето даноци не може да биде приватна работа“, додавајќи дека документите коишто протекоа во јавноста, откриваат затајување даноци во големи размери. „Неопходна е истрага, независна истрага“, рече Корбин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП