29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските вложувачи внимателни, доларот и нафтата зајакнаа

Азиските вложувачи внимателни, доларот и нафтата зајакнаа

aziski-berzi

На азиските берзи во средата се тргува внимателно, бидејќи инвеститорите ги загрижува анемичноста на светските економии, додека поддршка им дава закрепнувањето на цените на нафтата.

На берзата во Токио индексот Nikkei во претпладневното тргување во средата беше во плус од 0,2 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонгконг, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,2 и 0,6 отсто. Така, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во позитива од 0,1 отсто, откако во вторникот потона за 1,6, отсто, лизнувајќи се на најниското ниво во последните три седмици.

Азиските вложувачи се претпазливи бидејќи во вторникот цените на акциите на Волстрит паднаа втор ден со ред, поради анемичните економски показатели и стравувањата дека претстојната сезона на објавување на кварталните деловни резултати на американските компании нема да биде позитивна.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработките на компаниите од составот на S&P 500 индексот во првото годинешно тримесечје паднале за 7,1 отсто во однос на истиот период минатата година, и тоа веќе четврти квартал по ред.

Анемичните макроекономски показатели, на пример, за зголемувањето на дефицитот во САД во надворешнотрговската размена во февруари ги наведоа аналитичарите на намалувањето на процените за растот на најголемата светска економија во првиот годинешен квартал.

Ниту на втората според обемот свеска економија, кинеската, не ѝ оди најдобро. Последните макроекономски податоци укажуваат на можната стабилизација на растот на кинеската економија, по подолг период на забавување, но аналитичарите не се сигурни дека следува заздравување.

Позитивно, пак, на пазарите влијае закрепнувањето на цените на нафтата, откако во вторникот паднаа на најниските нивоа во последните триесетина дена, бидејќи се обновени надевањата на вложувачите дека најголемите светски производители би можеле сепак да се договорат за замрзнување на производството.

Благодарејќи на тоа, во средата претпладнето цената на барелот сирова нафта на американскиот пазар порасна за 2,5 отсто, на 36,75 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поскапе за 1,6 отсто, на 38,38 долари.

На валутните пазари американскиот долар малку се поправи откако во вторникот неговиот курс кон јапонската валута беше на најниското ниво во последните 17 месеци, на 109,92 јени, па во средата претпладнето се поткачи на 110,35 јени. Американската валута благо зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1370 долари, додека во истиот период од тргувањето во вторникот изнесуваше 1,1390 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП