23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФишер: Австрија сака ЕУ да ги симне санкциите за Русија

Фишер: Австрија сака ЕУ да ги симне санкциите за Русија

fiser 333

Претседателот на Австрија, Хајнц Фишер, изјави дека смета оти е потребно да се разгледуваат начините за симнување на санкциите воведени од ЕУ кон Русија, пренесува ТАСС.

„Секогаш сум велел дека санкциите не се поволни и за двете страни”, рекол Фишер. „Важно е да се развие пат за нивно симнување во блиска иднина“, додал тој.

Австрискиот претседател исто така истакнал дека Австрија активно учествува во дискусиите за ова прашање во рамките на ЕУ.

„Нашата позиција е дека е потребно да се разгледаат можностите за развој на соработката со Русија во сите сфери“, заклучил Фишер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП