27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Како „Прометеј“ работи на Panama Papers

График на денот: Како „Прометеј“ работи на Panama Papers

mossak 33

2,6 терабајти кои содржат близу 11,5 милиони документи поврзани со 214.488 фирми на клиенти од 202 земји, регистрирани во неколку офшор дестинации во текот на речиси 40 години – помеѓу 1977-та и декември 2015-та година. Ова се дел од бројките зад „Panama Papers“. Но, како новинарите работат на овој огромен обем на информации?

Како што е познато, доставувачот на информациите кои беа украдени од панамско правната компанија „Mossack Fonseca“, се поврзал со соработници на германскиот весник „Süddeutsche Zeitung“ пред повеќе од една година.  

Во текот на околу два месеци пет групи новинари од весникот ги проверувале влезните документи. Кога сепак проценија дека веќе не можат да се справат со обемот на информации, тие се обратиле кон „ICIJ“.

Конзорциумот ја организирал понатамошната работа, распределба на документите меѓу 400 новинари од 100 медиуми во 80 земји.  

Вработените во проектот, кој го добил името „Прометеј“, ги координираат барањата и роковите на публикациите. За таа цел тие се собирале на тајни средби, најпрво во Вашингтон во јуни минатата година, а потоа во Минхен, Лондон и во норвешкиот град Лилехамер.

„Секогаш постои опасност во светот да се случи нешто важно и новинарите во соодветната земја да сакаат да ги објавуваат информациите веднаш“, објаснува директорот на „ICIJ“ Џерард Рајли за „New York Times“.  

За да се избегне истекување на информации, учесниците во проектот „Прометеј“ создаваат голем број на алатки, вклучувајќи безбеден онлајн форум во кој ги разменуваат резултатите од истрагите. Документите од студијата се напишани на 25 јазици, но повеќето дискусии на форумот се одвиваат на англиски.

Меѓународниот конзорциум за новинарски истраги е со седиште во Вашингтон и во неделата објави извадоци од 11,5 милиони документи со податоци за оф-шор сметки на низа сегашни и поранешни светски лидери. Комплетната архива не е објавена и според Рајли нема ни да биде.  

Се знае, сепак, дека до медиумите пристигна база на податоци во која има информации за офшор сметки на 140 политичари од над 50 земји, како и на многумина познати бизнисмени, културни дејци и спортисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП