19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Алкалоид Скопје во фокусот на вложувачите

Акцијата на Алкалоид Скопје во фокусот на вложувачите

mak berza

По објавата од претходниот ден на дивидендениот календар како и ревидираните финансиски извештаи на Алкаклоид АД Скопје во вторникот оваа акција се најде во фокусот на инвеститорите.

Со оваа хартија од вредност на скопски Алкалоид беше остварен промет од 2,2 милиона денари, при истргувано количество д 433 акциии и просечна цена на тргување од 5.299 денари.

Губитник на денот е акцијата на Комерцијална АД Скопје со пад од 6,32 отсто, првиот трговски ден без право на дивиденда за 2015 година за оваа акција.

И во вторникот индексот МБИ10 беше проследен со негативни вредности, и тоа пад од 0,79 отсто, а моментално изнесува 1.768,26 индексни поени, додека индкесот ОМБ остана без промена, бидејќи немаше воопшто промет со обврзиците.

Од вкупно 15 хартии од вредност со кои се тргуваше вчера, осум не ја променија својата вредност, четири акции го завршија денот со пад на вредноста, а само три хартии од вредност забележаа пораст.

Кај акцијата на Арчеломитал Скопје (ЦРМ) во вторникот мина невобичено големо количество од 33.000 акции, по цена 15 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП