27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен на партнерства во Вардарскиот плански регион

Ден на партнерства во Вардарскиот плански регион

denos

Манифестацијата Ден на партнерства на Вардарскиот плански регион, годинава се организира по трет пат, а се одржа во Кавадарци.

Во рамките на манифестацијата беше отворен Регионалниот центар за поддршка на граѓанското општество во општините во Вардарскиот плански регион, проект финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој, во вредност од четири милиони денари.

Во рамките на манифестацијата беа ставени во функција и објекти за поголема мобилност на лицата со попреченост, како и промовирани потенцијалите за развој на руралниот туризам, проекти што се реализираат во соработка на Министерството за локална самоуправа, Вардарскиот плански регион и УНДП.

„Мрежата за инклузивен развој, формирана прво во Вардарскиот плански регион, со поддршка на УНДП, обезбедува инклузивен пристап во утврдувањето на приоритетите и во решавањето на проблемите на различни целни групи“, рече Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска

Таа истакна дека манифестација е резултат и на подеднаквата вклученост на јавниот сектор, граѓанските организации и на бизнис секторот.

„Формулата за синергија на капацитетите и ресурсите ги дава резултатите. Благодарение на институционализираното партнерство, во изминатата година се реализираа низа на успешни проекти. Зголемена е мобилноста на лицата со попреченост, обезбедена е поддршка за вработување на најдобрите студенти, воспоставен е бизнис центарот во рамките на кој се создадени услови за поддршка на малите и средни претпријатија, се работи на мапирање на потенцијалите за развој на рурален туризам.

Државниот секретар Цветановска-Гугоска исатакна дека во досегашниот период за проекти за рамномерен регионален развој од страна на Владата се обезбедени околу 10 милиони евра со кои се финансирани 418 проекти.

„Деновиве Владата ќе ги распредели средствата за регионални проекти за 2016 година. Станува збор за 180 милиони денари со кои ќе бидат финансирани 26 проекти. Согласно степенот на развиеност, со 26 милиони денари, ќе бидат финансирани 4 проекти во Вардарскиот плански регион, рече Цветановска – Гугоска, која најави дека до крајот на месецот треба да бидат распределени и средствата за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. Станува збор за дополнителни 80 милиони денари за осумте плански региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП