30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАPanama Papers: Оној што ги пуштил документите имал прекрасна намера, но направил...

Panama Papers: Оној што ги пуштил документите имал прекрасна намера, но направил голема грешка

мосс

Поранешниот британски дипломат Крејг Мареј, автор на неколку книги, поранешен ректор на Универзитетот Данди, како и борец за човекови права, се осврна на аферата на панамските документи што содржат попис на клиентите што преку адвокатската канцеларија Мосак Фонсека што учествувале во перењето пари.

Мареј на својата страница пишува дека кој и да ги објавил документите на адвокатската канцеларија „Mossack Fonseca“ од Панама, се чини дека бил мотивиран со желбата да го открие системот што им овозможува на ултра богатите да го сокријат своето богатство, често стекнато илегално, преку корупција или избегнување данок.

Тие панамски адвокати, пишува поранешниот британски дипломат, го кријат богатството на значаен еден отсто од жителите, а масивното ‘истекување’ на нивните документи би требало да биде прекрасна работа.

Тој смета дека, за жал, оној што ги ‘пуштил’ информациите направил лоша работа бидејќи се обратил на западните корпоративни медиуми. Како последица на тоа, првата голема објавена приказна во британски The Guardian е за рускиот претседател Владимир Путин.

„Верувам во тоа и не се сомневам дека Путин е корумпиран“, истакна Мареј. Но, според него, руското богатство е само мал дел од парите сокриени со помош на „Mossack Fonseca“.

„Всушност, многу брзо станува очигледно дека станува збор за селективно известување“, напиша на својата страница.

Германскиот весник Süddeutsche Zeitung, којшто ја прими дојавата, детално ја објаснува методологијата што корпоративните медиуми ја користеле во пребарувањето на документите.

Главното истражување го правеле така што ги барале имињата што можат да се доведат во врска со режимите што ги кршат санкциите на ОН кон одредени земји. Guardian, исто така, известува за ова и набројува некои земји како Зимбабве, Северна Кореја, Русија и Сирија.

Западните милијардери воопшто не се споменуваат, тврди Мареј и додава дека Guardian тврди дека многу податоци ќе останат приватни.

„Со целата ситуација управува Меѓународен конзорциум на истражувачки новинари“, кои ги финансира американскиот Центар за јавен интегритет“, тврди авторот.

Тој понатаму додава дека ексклузивен пристап до документите имаат само одредени медиуми, а сите податоци кои ‘истекле’ не можат да ги видат обичните граѓани, со што лесно се манипулира кои се уште евентуални клиенти на Mossack Fonseca“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП