7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата под 38 долари по неочекуваниот пад на побарувачката во...

Цените на нафтата под 38 долари по неочекуваниот пад на побарувачката во САД

nafta555

Цените на нафтата се задржаа на меѓународните пазари во вторникот под нивото од 38 долари за барел, притиснати од ненадејниот пад на побарувачката на бензини во најголемиот светски потрошувач на нафта САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 26 центи,во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 37,43 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот нафта се тргува по речиси непроменета цена од претходното заклучување, од 35,49 долари.

Одвоено, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барел нејзина референтна кошница нафта во понеделникот изнесувала 33,333 долари, што значи дека паднала за 1,14 долари во однос на претходниот трговски ден.

Американската побарувачка на бензини, еден од најсилните столбови на нафтената потрошувачка, паднала во јануари првпат по 14 месеци, покажаа официјалните податоци на американската влада. Тој податок се надоврза на оно за растот на руското производство во март на највисокото ниво во последните 30 години.

„Пазарот го изненадија две бројки: највисокото ниво на руско производство во 0 години и падот на американската побарувачка на бензини првпат во 14 месеци“, појаснува Френк Кламп од штудгардската компанија „Landesbank Baden-Wuerttember“.

Истовремено, аналитичарите во банката „ BNP Paribas“ истакнуваат дека сигналите за прекумерно снабдување со бензини може да се надоврзат на прекумерното снабдувањњ со сирова нафта. Во моментов се произведува малку повеќе од милион барели сирова нафта дневно повеќе отколку што е потребно. „Процените на резервите значително ќе порасната во првата половина од 2016-та, што наведува на заклучокот дека цените би можеле лесно повторно да тргнат кон ниските нивоа од почетокот на годинава“, напишале во извештајот.

Претставничката на Кувајт во OPEC изјави во вторникот дека големите произведувачи на состанокот кон средината на април во Доха може да се договорат за замрзнување на производството на јануарското ниво или на просечните вредности од јануари и од февруари. Навал ал-Фузаија рече и дека се очекува дека во втората половина од годинава просечната цена на лондонскиот пазар ќе се движи во распонот меѓу 45 до 60 долари за барел и дека понудата и побарувачката ќе се урамнотежат до крајот на 206 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП