26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот расте, но се зголемува трговскиот дефицит

Извозот расте, но се зголемува трговскиот дефицит

uvoz izvoz 200

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите два месеца од годинава изнесува 39.078.145.000 денари и бележи пораст од 7,5 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока во периодот јануари­февруари годинава е 51.173.788.000 денари, што е за 7,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Трговскиот дефицит во периодот јануари­февруари годинава изнесува 12.095.643.000 денари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите два месеца од годинава, според вкупниот обем на надворешно­трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Дополнителниот заменик министер за финанси Кире Наумов, пак, во соопштението до медиумите во врска со објавените податоци на Државникот завод за статистика наведува дека податоци се потврда оти се повеќе се зголемува трговскиот дефицит во трговската размена со странство.

„И покрај растот на извозот од 7,2 отсто и увозот бележи речиси идентичен раст. Трговскиот дефицит за истиот период во 2015 година изнесувал 184 милиони евра. Во 2016 година е зголемен за 12 милиони евра и изнесува 196 милиони евра“, стои во соопштението.

Според него, проѕирни се обидите преку презентирање на податоците само на извозот, да се прикажат некакви успеси во македонската економија. Трендот, наведува, во сите сегменти е надолен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП