2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ изгубила 6 милиони работни места

ЕУ изгубила 6 милиони работни места

nevrabotenost

Во земјите на ЕУ од почетокот на глобалната економска криза во 2008 година, изгубени се 6 милиони работни места, соопшти денес Меѓународната организација на трудот.

Во извештајот, кој се занимава со состојбата на европскиот пазар на труд, МОТ вели дека стапката на вработување во 27-члената ЕУ минатата година изнесувала 57,6 проценти, што е за 1,6 процентни поени помалку од 2008 година, пренесува Франс Прес.

„Тоа значи дека сеуште е присутен недостатокот од 5,9 милиони работни места, за да се оствари повраток на стапката на вработување на нивото кое беше забележано пред избивањето на кризата“, се вели во извештајот на МОТ, потенцирајќи дека само во изминатите шест месеци изгубени се околу милион работни места.

И покрај некои знаци на закрепнување на пазарот на трудот во почетокот на 2010 година, само пет членки на ЕУ – Австрија, Германија, Унгарија, Луксембург и Малта, имаат стапка на вработеност над нивото кое постоеше пред кризата.

Земјите како Кипар, Грција, Португалија и Шпанија, се соочија со остар пад на вработувањето, односно пад поголем од три процентни поени.

Земајќи ги во прдвид податоците од февруари, официјалната стапка на невработеноста на целиот европски континент изнесуваше 26,3 проценти, односно за 10,2 милиони повеќе од 2008 година, додаваат од МОТ.

Просечната стапка на невработеност во ЕУ во февруари достигна 10,9 проценти, а во 17-члената еврозона рекордни 12 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП