6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го цензурира интернет пребарувањето за Panama Papers

Кина го цензурира интернет пребарувањето за Panama Papers

kinata 388

Кинеските власти го цензурираа интернет пребарувањето за Panama Papers, односно милионите документи на панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“ кои протекоа во јавноста и за кои се тврди дека откриваат како светските богаташи, државници, политичари и славни личности од спортот и забавата ги криеле партите во ткн даночни оази.

Кинеските цензори ги забранија резултатите од пребарувањата и дискусиите на социјалните мрежи кои ги содржат термините Panama Papers и Panama, а исто така забрането е и пребарувањето на имињата на роднините на сегашните и поранешните кинески лидери, вклучувајќи го и кинескиот претседател Кси Џинпинг, чии имиња се споменати во извештаите.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Хонг Леи во вторникот одбил да коментира околу прашањата за документите, кои ги опишал како „извадени од никаде“, пишува CNN.

CNN додава дека не е протизаконски да се основаат оф-шор финансиски компании за клиенти и дека објавените документи не мора да се и показател за незаконско делување, но личните финансии на кинеските лидери и нивните семејства се доста чувствително прашање за владејачката Комунистичка партија, која во моментов спроведува голема антикорупциска кампања во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП