8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлабата побарувачка гo придуши економскиот раст во еврозоната и во март

Слабата побарувачка гo придуши економскиот раст во еврозоната и во март

Euro coins are seen in front of displayed flag and map of European Union in this picture illustration taken in Zenica, May 28 2015. REUTERS/Dado Ruvic

Економските активности во еврозоната пораснале во март речиси со исто темпо како и во претходниот месец, придушени до слабата побарувачка и дефлаторните притисоци, се наведува во најновиот извештај на лондонската компанија Markit.

Индексот на менаџерите на набавките (PMI) за приватниот сектор во еврозоната останал во март речиси непроменет во однос на февруари, и изнесувал 53,1 поен.. Лондонската компанија со тоа чувствително на намали првичната процена не неговата вредност која изнесуваше 53,7 поени.

Како главана причина за намалувањето во Markit ги издвојуваат Италија и Франција коишто минатиот месец забележале чувствително побавно темпо на раст отколку што покажуваа прелиминарните процени.

Истражувањето покажува „помалку позитивна“ основна динамика на активностите во еврозоната, истакнуваат во споменатата лондонско компанија за собирање и обработка на економските податоци. „Економијата на еврозоната не покажа значително забрзување во март. PMI само незначително пораснал од најниското ниво во последните 13 месеци, забележано во февруари“, констатира главниот економист на Markit, Крис Вилијамсон.

„Слабиот раст е резултат на млаката побарувачка, следена од падот на цените, имајќи предвид дека компаниите си конкурираат меѓусебно на штета на профитните маржи. Во таквиот контекст не изненадува тоа што вработувањето е изложено на сé поголем притисок, бидејќи компаниите имаат тешкотии со зауздувањето на трошоците. Сите се надеваат дека економијата ќе заживее дополнителни поттикнувачки мерки од Европската централна банка (ECB)“, додава Вилијамсон.

Меѓу водечките економии во еврозоната темпото на растот во Германија ослабело на најниското ниво во последните осум месеци, додека во Италија било најслабо во последната година. Француската економија се стабилизирала по падот во февруари, но забележала најслаб раст во споменатата група, се наведува во извештајот.

Побрз раст во март забележале само Шпанија и Ирска, со зајакнат прилив од нови порачки и солидно темпо на отворање на новите работни места, покажуваа истражувањето на Markit.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП