30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин прави „чистка“

Путин прави „чистка“

41d3fb0b80811240fa32

Според декретот на Владимир Путин сите руски политичари се обврзани до први јуни да ги затворат своите сметки во странските банки и да го продадат својот имот надвор од Русија.

За таа цел рускиот претседател одредил точни рокови до кога политичарите од федералното ниво, но и оние од пониското, па се до градските власти, до кога мораат да одлучат дали сакаат и натаму да останат во своите фотелји или сакаат да си заминат и така да ги сочуваат своите банкарски сметки и недвижности во странство.

Руските медиуми направиле неколку истражувања во кои земји руските „големци“ имаат имот и сметки, но најинтересна е инвазијата на жителите од оваа земја во Црна Гора. Па така 57.7 илјади квадратни метри земјиште кај Херцег Нови купиле Јевгениј и Станислав Шиљичков. Будва најверојатно ја одбрала заменичката на претседателот на државната Дума, Љубов Слиска, како и семејството на државниот инспектор за енергетика.

Во Петровац стан има купено членот на московската управа во ресорот за набавки, додека во близина на Тиват место за одмор си обезбедил еден од раководителите одговорни за изградбата на обиколницата околу Санкт Петерсбург. Но според медиумите во ова место вила има и амбасадорот на Русија во Лондон, Александар Јаковенко.

Кога бил претставен „Путиновиот закон“ многумина дале доброволни оставки. Стана многу очигледно дека на одреден број на руски политичари им е многу важно приватното богатство, отколку партиските принципи, па поради тоа сами започнале да ја напуштаат Думата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП