17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена првата Конференција за е-Влада

Отворена првата Конференција за е-Влада

martos

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска во вторник ја отвори  првата Конференција за е-Влада  во организација на МИОА, на која учествуваат претставници од ИТ секторот од владините институции.

Целта на конференцијата е добивање информации и оперативни детали за тоа што е направено на ниво на институциите од областа е-Влада, кои се достигнувањата, податоци за имплементираните проекти и статусот на проектите што се во тек.

Министерот Арсовска Томовска истакна дека развојот на е-Влада, иако претставува само еден сегмент од надлежностите на МИОА, е централна точка околу која се гради општество по мерка на граѓаните и бизнисите. Во таа насока, како посебни мерки спроведени се и законски реформи, не само преку воведувањето на Законот за електронско управување во 2010 година и други релевантни закони, туку и преку измените на Законот за општа и управна постапка кој влегува во примена во јули оваа година. Тие обезбедуваат електронско комуницирање меѓу граѓаните и институциите, бизнисите и институциите, како  и институциите меѓусебно, со што клиентите добиваат повеќе опции и канали за барање и добивање на услугите.

„За сите овие проекти имаме голема поддршка од меѓународниот фактор, Европската Унија, УСАИД, Француската амбасада, но и од локалните партнери, бизнисите, невладините организации”, истакна Арсовска Томовска, заблагодарувајќи се за поддршката.

На конференцијата беа одржани презентации на теми како што се Рамка за интероперабилност и систем за интероперабилност, Стандарди за квалитет на податоци, Национален систем за електронски евиденции во здравството итн.

„Создавањето услови за градење на човечки ресурси е една од задачите на нашата Влада, а бидејќи ИТ струката во институциите е меѓу дефицитарните професии, вакви настани се и повеќе од добредојдени”, рече Арсовска Томовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП