21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиндикатите во Шведска ја повикаа централната банка да ја промени целната инфлација

Синдикатите во Шведска ја повикаа централната банка да ја промени целната инфлација

risk 33

Шведската централна банка треба да ја разгледа промената на основниот индекс за инфлацијата, за да ја подобри транспарентноста и довербата во монетарната политика, повика најголемата синдикална конфедерација во земјата, пренесува „Bloomberg“.

Според синдикатите, банката треба да ги промени целните ниво од 2% раст на потрошувачките цени, па тоа да не ги вклучува измените кај цените на хипотеките. Организацијата која прави преглед на монетарната политика во земјата меѓу 2010-та и 2015-та година, тврди исто така банката да ја следи повнимателно невработеноста кога ги одредува каматните нивоа.

„„Riksbank“ треба да ја стабилизира инфлацијата околу целното ниво, а стапката на невработеност – околу одржливо ниво на долг рок“, велат синдикатите. Тие ја отфрлаат идејата парламентот исто така да се вклучи во решавањето на целното ниво за инфлација.

Овој предлог се појави во јануари и ја вклучуваше препораката пратениците да го оценуваат целното ниво на секои 10 години. Како од шведски и странски институции, меѓу кои Европската централна банка (ЕЦБ) и од Универзитетот Харвард беше побарано да го искажат своето мислење за таквата идеја.

Според синдикатите демократската контрола на централната банка треба да биде засилена. Според нив монетарната политика не била доволно експанзиона во 2012-та и 2013-та година, кога банката ги задржи високите каматни стапки, и покрај стравувањата за зголемување на приватните обврски.

„Како што се обидува да контролира премногу аспекти од економијата, банката ризикува да пренасочи премногу од фокусот далеку од целта за инфлацијата. Одржувањето на целното ниво е важно кога се решава зголемувањата на платите при колективното договарање“, сметаат од конфедерацијата на синдикатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП