26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Французите им се потребни 2.700 евра месечно

На Французите им се потребни 2.700 евра месечно

fran1

Французите проценуваат дека за добар живот во таа земја потребни се 2.682 евра месечна нето заработка, покажува истражувањето на истражувачката група АДС.

Мажите се помалку скромни од жените, па нивните објаснувања се дека се потребни 2.819 евра, а жените велат дека им се потребни 2.558 евра месечна заработка, пишува францускиот весник Паризјен.

Со годините на животот се зголемуваат и апетитите во однос на потребните месечни средства, така што во категоријата од 25 до 34 години, пожелното ниво на заработка е 2.215 евра, а кај лицата постари од 65 години, дури 3.178 евра.

Како што се наведува во истражувањето, не е изненадувачки фактот дека лицата кои заработуваат повеќе сметаат дека се потребни повеќе пари, така што тие кои месечно заработуваат повеќе од 4.500 евра сметаат дека за живот се потребни 3.600 евра, а испитаниците кои заработуваат помалку од 1.500 евра, оценуваат дека за добар живот се неопходни 2.334 евра.

Во истражувањето, исто така се наведува дека речиси 96 проценти од граѓаните сметаат дека француските фудбалери од првата лига заработуваат премногу, а 88 проценти од нив проценуваат дека и менаџерите во големите компании имаат премногу високи плати.

Спротивно на тоа, 85 проценти сметаат дека работниците се потценети, а само за некои професии анкетираните навеле дека сметаат дека тие се нормално платени, лекарите (62 проценти), директорите на малите и средни претпријатија (62 проценти) и просветните работници (57 проценти).

Истражувањето беше спроведено во периодот од 26 до 28 март оваа година на репрезентативен примерок од 1.012 полнолетни лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП