14 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на невработеноста во Австрија поради бегалците

Раст на невработеноста во Австрија поради бегалците

avstrih65h45

Бројот на невработени лица во Австрија порасна во март бидејќи доаѓањето на азиланти во таа земја започна да го бележи и статистиката, па и податоците за невработеност.

Околу три четвртии од порастот на невработеноста отпаѓа на бегалците, а две третини од бегалците без работа се наоѓаат во Виена.

Бројот на невработени во месец март пораснал за 2,4 проценти на 438.654 лица, а од нешто повеќе 10.000 нови невработени, 7.580 лица биле азиланти.

Во сервисот за вработување (AMS) во март биле пријавени 22,674 азиланти, а меѓу нив биле 7.946 Сиријци, 4.860 Авганистанци, 3.520 државјани на Русија, 1.126 Иранци, 1.233 биле од Ирак, и 845 од Сомалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП