22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите под притисок на падот на цените на сировините

На Волстрит индексите под притисок на падот на цените на сировините

wall street

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси се лизнаа од највисоките нивоа во оваа година, бидејќи поради падот на цените на нафтата и сировините под притисок се најдоа акциите во енергетскиот и во рударскиот сектор.

Така индексот Dow Jones падна за 0,31 отсто, на 17.737 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,32 проценти, на 2.066 поени, а Nasdaq индексот загуби 0,46 отсто, на 4.891 индексен поен.

Откако во петокот ги достигнаа највисоките нивоа во оваа година, индексите Dow Jones и S&P 500 во понеделникот ослабеа поради падот на цените на акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор, кои се најдоа под притисок од падот на цените на сировините и на нафтата. Така, S&P индексот на рударскиот сектор се лизна за 1 процент, откако цената на бакарот падна на најниското ниво во текот на еден месец, додека цената на барел нафта на американскиот пазар се лизна за 3 отсто.

На почетокот од годинава пазарите на акциите беа под силен притисок поради падот на цените на нафтата и на сировините, што беше последица од стравувањето на вложувачите од слабеење на побарувачката, имајќи го предвид забавувањето на растот на глобалната економија, особено на втората според обемот во светот – кинеската. Меѓутоа, откако кон половината на февруари паднаа на најниските нивоа во последните 12 години, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 40 отсто, што го поттикна заздравувањето на пазарот на акциите.

И додека падот на цените на сировините сега повторно ги притиска пазарите, поддршка им дава уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка нема да брза со повторното подигнување на каматните стапки.

Вложувачите се претпазливи и поради тоа што наскоро започнува сезоната на објавување на деловните резултати на американскиот компании за првиот квартал од годинава, кој следните седмици силно ќе влијае врза пазарите, Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од составот на S&P 500 индексот во просек паднале за 7 отсто, во однос на истиот лански период, а најмногу во енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП