17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Намалена невработеноста во март

Шпанија: Намалена невработеноста во март

shpanija-madrid

Невработеноста во Шпанија е намалена во месец март за 1,4 проценти во однос на февруари, соопшти денес шпанското министерство за труд.

Бројот на невработени лица е намален за 58,216 на 4.094.770 лица, се наведува во соопштението на министерството, од каде додаваат дека невработеноста на годишно ниво паднала за повеќе од осум проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Во услужниот сектор, кој вработува 13,16 милиони лица, забележано е подобрување, благодарение на растот на вработувањето од 57.348 лица. Исто така регистриран е благ напредок во индустрискиот, градежниот и земјоделскиот сектор, се додава во соопштението.

Во минатата година, невработеноста во Шпанија е намалена за 357,169 лица, поради што официјалната стапка на невработеност на крајот на 2015 година изнесувала 20,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП