12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова рунда на Атина и Тројката, несогласување околу пензиите

Нова рунда на Атина и Тројката, несогласување околу пензиите

atina-mina

Владата во Атина започна нова рунда преговори со меѓународните кредитори.

Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос се сретна вчера во Атина со претставниците на европските кредитори и Меѓународниот монетарен фонд, пренесува агенцијата АП.

Главните несогласувања и понатака се однесуваат на намалувањето на пензиите, даночните реформи и кратењата кои Грција мора да ги преземе за исполнување на условите од пакетот помош, наведува американската агенција. Најновите преговори сепак, се одвиваат во сенка на новиот скандал.

Имено, порталот Викиликс пред неколку дена објави тренскрипт од разговорот меѓу тројцата официјални претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од 19. март, кои разговарале за тоа која тактика да ја применат со цел да се изврши притисок врз Грција, Германија и Европската унија во април да биде постигнат договорот.

Во тие транскрипти, исто така, се споменува наведувањето на опасност од можна закана за банкрот на Грција, со цел да се поттикне да прифати некои од условите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП