11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследниот ден со право на дивиденда за акцијата на Комерцијана банка ја...

Последниот ден со право на дивиденда за акцијата на Комерцијана банка ја поткрена МБ

mk berza kke

Последниот трговски ден со право на дивиденда за 2015 година кај акцијата на Комерцијана банка АД Скопје во понеделникот на Македонска берза (МБ) донесе промет од над 4,5 милиони денари и вкупен број од безмалку 2000 истргувани акции.

Доминантно беше учеството на прометот со акцијата на КМБ. Денот заврши со вкупно 47 реализирани трансакции и пад на индексот МБИ10 за 0,18 отсто и изнесуваше 1.782,41 поени, додека, пак, ОМБ не ја промени својата вредност.

Меѓу „милионерите“ според реализираниот промет се најде и акцијата на Стопанска банка АД Скопје, со истргувани 2.430 акции по просечна цена од 415 денари и раст на цената од 1,01 проценти

Алкаклоид АД Скопје го објави дивидендениот календар, како и ревидираните финансиски извештаи на Друштвото. Последен датум на тргување со право на дивиденда е 19.04.2015, додека износот на бруто дивиденда изнесува 230 денари, односно нето 207 денари.

На 1-ви април 2016 година, СЕЕ Линк почна со калкулација на првите два берзански индекси за регионалните пазари SEELinX и SEELinX EWI.
Индексите се составени од акциите на 10-те најактивно тргувани регионални компании кои котираат на Хрватската, Бугарската и Македонската берза. Од МСЕ во составот на овие индекси влегуваат акциите на Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП