7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСомневањата во договор на производителите ги задржа цените на нафтата под 39...

Сомневањата во договор на производителите ги задржа цените на нафтата под 39 долари

nafta 222

Цените на нафтата на меѓународните пазари се задржаа на во понеделникот под нивото од 39 долари за барел, притиснати од сé поизразените сомневања во постигнување договор на водечките извозници за замрзнување на производството на јануарското ниво.

На лондонскиот пазар цената на барелот сирова нафта остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 38,81 долар. Последниот ден од тргувањето минатата седмица го затвори во минус 1,68 долари. Позначителни промени во цената во понеделникот немаше ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргуваше по 36,71 долари. Во петокот го заклучи тргувањето во минус од 1,55 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цената на барелот на референтната кошничка нејзина нафта во петокот изнесувала 34,47 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

На крајот од минатата седмица пазарите беа разочарани од изјавата на висок саудиски функционер дека Саудиска Арабија ќе замрзне производството на јануарското ниво само доколку тоа го сторат Иран и другите големи произведувачи. На таа порака во понеделникот се надоврза изјавата на иранскиот министер за нафта, Биџан Занфанех, дека Иран ќе продолжи со зголемувањето на производството и извозот на нафтата сé додека не ја врати својата позиција на пазарот која ја имаше пред воведувањето на санкциите. Русија, пај, извести за најголемото производство на нафта во последните 30 години.

Тие вести ги поттикнаа сомнежите во успехот од состанокот на водечките светски производители кој на 17-ти април во Доха, на кој би требало да ги разгледаат можностите за намалување на производството за да се поткрепат цените и да се намали прекумерното снабдување на пазарите.

„Бранот продажби не претставува големо изненадување. Цените паѓаат поради шпекулациите дека Саудиска Арабија нема да му се придружи на договорот за замрзнување на производството, а шпекулациите и вербалните интервенции веројатно ќе продолжат и следните седмици“, вели Ханс фан Клееф од „ABN Amro“.

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 65 отсто од средината на 2014 година, поради процутот на американското производство на нафта од шкрилци и зголеменото снабдување со нафта од произведувачите од и надвор од OPEC, а дел се припишува и на илегалната продажба на украдената сириска и ирачка нафта од страна на џихадистичката организација Исламска држава, со што беше создаден еден од најголемите глобални вишоци на нафта во модерните времиња.

Во меѓувреме, американското производство, инаку една од главните причини за актуелниот вишок во снабдувањето, се покажува поотпорно на ниските цени на нафтата отколку што се очекуваше, и покрај бранот банкроти на компаниите кои се занимава со добивањето нафта од шкрилци и намалувањето на бројот на наоѓалишта, истакнува во анализата Reuters.

„Кога ќе се земе предвид тој факт и шансите за договор за замрзнување на производството овој месец, можеме да кажеме дека глобалната нерамнотежа меѓу понудата и побарувачката веројатно ќе се намали во втората половина од годинава“, проценува во белешката до комитентите аналитичарот на „ Gain Capital“, Фавад Разакзад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП