26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурсот на доларот близу најниските нивоа во шест месеци

Курсот на доларот близу најниските нивоа во шест месеци

dolares 3

Курсот на американскиот долар на меѓународните девизни пазари во понеделникот падна на најниското ниво во последните пет и пол месеци во однос на кошничката валути, бидејќи вложувачите проценуваат дека во САД оваа година само еднаш ќе бидат зголемени каматните стапки, доколку воопшто има.

Во таквата атмосфера на пазарите, индексот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на другите шест најзначајни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, остана горе долу непроменет во споредба со затворањето на тргувањето во петокот, на 94,639 поени. Со тоа се држи во близина најниското ниво во последните пет ипол месеци од 94,319 поени, на кое се лизна минатата седмица.

Курсот на американската валута се лизна и во однос на јапонската за 0,2 отсто, на 111,54 јени, близу најниското ниво во последните 18 месеци, од 110.67 јени, на кои се спушти во тргувањето во март.

Еврото во таквата атмосфера на валутните пазари остана речиси непроменето во однос на доларот, на 1,179 долари. Се здржа така во близина на највисокото ниво во последната речиси половина година од 1,1438 долари, колку што достигна на тргувањето во петокот.

Доларот минатата седмица се најде под поголеми продажни притисоци, откако претседателката на американската централна банка (Federаl Reserve – Fed), Џенет Јелен на пазарите им упати претпазливи пораки во поглед на зголемувањето на каматните стапки во најголемата светска економија. А претходната седмица поткрепа на американската валута ѝ дојдоа од изјавите на неколку функционери на Fed кои насочуваа на можно зголемување на каматните стапки во оваа година најмалку двапати.

Таквите очекувања по претпазливите изјави на челничката на Fed набрзо стивнаа, па почна да се нагаѓа дека може да се случи каматните стапки, воопшто да бидат подигнати до крајот на годината, откако ланскиот декември беа првпат зголемени во речиси десет години. Во петокот солидниот извештај за 215.000 новоотворени работни места во САД во американското стопанство во март само накусо му даде поддршка на доларот, имајќи предвид дека ни се успеа да се промени мислењето на вложувачите дека Fed оваа година ќе ги зголеми каматните стапки само еднаш, доколку воопшто и го зголеми.

„Претседателката на Fed, Џенет Јелен, помалку или повеќе ја одреди насоката на движењето на курсот на доларот во блиската иднина. Но, имајќи предвид дека клучниот извештај за вработеноста во САД повеќе не е во фокусот на вложувачите, секоја валута веројатно ќе се движи кон доларот врз основа на развојот на ситуацијата на домашен план“, смета во анкетата на Reuters Шин Кадота, валутен аналитичар во банката „Barclays“.

Во фокусот на пазарите оваа седмица ќе биде објавувањето на записникот од седницата на Fed во март, што треба да се случи во среда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП