4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Хрватска можат заеднички на трети пазари

Македонија и Хрватска можат заеднички на трети пазари

mak ambasadorka hr

Економската соработка меѓу Македонија и Хрватска може да се унапреди, особено во заедничките настапи на трети пазари, заклучи денеска македонската амбасадорка во Загреб, Даниела Караѓозовска за време на нејзината посета на Сисак каде што пред локалната бизнис заедница ги претстави условите за вложувања што ги нуди земјата.

По разговорите со градоначалничката на Сисак, Кристина Икиќ Баничек, амбасадорката Караѓозовска во тамошната Жупаниска стопанска комора се сретнала и со локалните стопанственици, коишто ги запознала со условите за работење во Македонија и можноста за инвестирања, пренесува агенцијата Hina.

„Меѓусебно се цениме и се почитуваме, на политичко ниво се поддржуваме, имаме пријателски односи, меѓутоа економската соработка стагнира и мораме да ја унапредиме. Македонија, како членка на ЦЕФТА, и Хрватска, како членка на ЕУ, заедно можат да настапуваат на трети пазар“, рекла македонската амбасадорка.

Караѓозовска смета дека на хрватскиот пазар Македонија може да биде конкурентна со квалитетно овошје и зеленчук, со вино, железо и тутун, како и со фармацевтски и други прозиводи.

Дека соработката меѓу Македонија со Сисачко-мославачката жупанија е можна, во прв ред во областа на земјоделието и дрвната индустрија, потврдил и претседателот на Жупаниската стопанска комора, Борис Месариќ. Додал дека, сепак, и хрватскиот и македонскиот пазар се мали и заситени, па соработката првенствено е можна во излегувањето на трети пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП