12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХитот „Thunderstruck“ на AC/DC го подобрува ефектот на лековите против ракот

Хитот „Thunderstruck“ на AC/DC го подобрува ефектот на лековите против ракот

thu

Класикот на австралискиот хард-рок бенд AC/DC -„Thunderstruck“, го подобрува ефектот на лековите наменети за борба против ракот, откриле австралиските научници кои овој жесток хит од 1990-те го пуштале за да ги „натераат“ медицинските честички да потскокнуваат за да може да ја обложат плазматската мембрана која им помага подолго да траат во човечкиот организам, пишува Classic Rock Magazine.

Пред да биде откриена оваа техника, само една страна од честичките можела да биде обложена, предизвикувајќи супстанцијата камптотецин побрзо да се распаѓа во човечкиот организам.

Професорот од Универзитетот Јужна Австралија, Нико Велкер, ја потврди во понеделникот содржината на трудот објавен во февруари годинава. „Нормално, обложувањето се формира само на една страна од честичката, онаа која е изложена. Меѓутоа, другата страна нема да биде обложена. Тука дојдовме до идејата да ги употребиме звучниците“, вели Велкер.

„Звучниците би создале вибрациите, па честичките би потскокнувале горе долу. Хаотичните фреквенциите добро функционираа, што резултираше со подобро обложување на честичките“, додава.

Тимот на Велкер во студијата наведува дека облозите слични како тефлон се постигнати со превртување на честичките додека била емитувана песната „Thunderstruck“ на AC/DC. Целосното обложување резултирало во очигледно побавно отпуштање на лекот.

Велкер смета дека тој процес би можел да има примена во производството на многу други лекови.

Според истражувањето од 2011 година коешто го спровеле научниците предводени од Мет Волер, научник и скипер на брод, големите бели ајкули најмногу го обожуваат хитот „You Shook Me All Night Long“, исто така, на AC/DC. Тие го спровеле истражувањето на јужниот брег од Австралија, и врз основа на набљудувањата и забелешките дошле до заклучокот дека групата AC/DC, поточно нивата музика, ги примирува големите бели ајкули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП