8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Русија помал за 3,7 проценти

БДП на Русија помал за 3,7 проценти

русија-инвестиции

Бруто домашниот производ на Русија во 2015 година се намалил за 3,7 проценти, соопшти денес руската статистичка служба.

Руската економија започна да слабее од средината на 2014 година, поради санкциите од Западот кон Москва поради анексијата на Крим и поддршката на проруските сепаратисти на истокот во Украина, како и поради наглиот пад на цената на нафтата, која е главен руски извоз.

Во однос на 2014 година, руската рубља депресирала за 55 проценти.

Најтешко погодените сектори во руската економија се големопродажбата и малопродажбата кои забележаа пад од 10 проценти и градежништвото кое забележа пад од 7,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП